Миовски со Абердин веќе е елиминиран, нов шок за Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски ги одигра последните 15-тина минути за Абердин на гостувањето во Солун кај ПАОК, во дуел кој заврши 2:2, во четвртото коло од Конференциската лига на УЕФА. Абердин поведе со 1:0, но потоа Грците со два гола стигнаа до 2:1.

Во 70-тата минута Абердин израмни на 2:2, но тоа не беше доволно затоа што шкотскиот тим има само два бода од четири меча и веќе нема шанси да биде на една од првите две позиции во групата во која ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт ќе продолжат во нокаут-фазата.

Некогашниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, го одигра целиот меч за Динамо Загреб во поразот од 1:0 на гостувањето кај Викторија Плзењ. По малку неверојатно, но Динамо по четири меча има само три бода и моментално е на последното место во групата, зад Астана и Балкани, коишто имаат по четири бода, додека Викторија П’лзењ со 10 бода е сигурно прва во оваа група.

Резултати на останатите мечеви кои досега се одиграа во Конференциската лига на УЕФА: Астана – Балкани 0:0, Бешикташ – Бодо/Глимт 1:2, Чукарички – Фиорентина 0:1, Ференцварош – Генк 1:1, ХЈК – Ајнтрахт 0:1, Легија – Зрињски 2:0, Нордсјиланд – Спартак Трнава 1:1.

- Оглас -

Најнови вести