Клоп збесна на прес-конференцијата: Чија идеја беше ова? (Видео)

Ливерпул синоќа го доживеа првиот пораз во Лигата на Европа, загуби од Тулуз со 3:2, а по мечот Јирген Клоп беше лут како рис поради провокацијата која му ја приреди домаќинот.

Прес-конференцијата по мечот беше одржана во шатор, надвор од стадионот, и ја прекинуваа домашните фанови кои ја славеа победата на Тулуз.

„Чија идеја беше тука да се одржи прес-конференцијата? Тоа е интересно прашање. Вау“, рече Клоп додека гледаше околу себе и сигнализирајќи дека му пречи амбиентот.

https://twitter.com/i/status/1722771689518350373

 

- Оглас -

Најнови вести