Евролигата во нови проблеми: Не е безбедно Макаби да гостува во Истанбул

Натпреварот од деветтото коло на кошаркарската Евролига помеѓу Фенербахче и Макаби не е безбедно да се одигра во Истанбул. Ова се препораките и на турските и на израелските власти.

Тоа создаде сериозни проблени за раководството на Европлигата, кое мораше веднаш да реагира и да изнајде соломонско решение. Одлуката е двете екипи да си го променат домаќинството, па на првиот меч наместо Фененербахче, домаќин да биде екипата на Макаби, која своите домашни мечеви ги игра во Белград. Сето тоа значи дека мечот од деветото коло помеѓу Макаби и Фенербахче ќе се одигра во салата “Пионир“ во главниот град на Србија, на 16-ти месецов.

Вториот нивни меѓусебен дуел ќе биде одигран на четврти јануари во Истанбул, секако, доколку безбедностана состојба се подобри и има услови за одигрување на натпреварот.

Макаби има уште еден одложен натпревар поради војната помеѓу Израел и Палестина, оној против Реал Мадрид, кој е закажан за 28-ми месецов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести