Ауу каков гол на соиграч на Барди, по мајсторијата се тресеше стадионот во Трабзон (Видео)

Трабзонспор го победи Коњаспор со 2-1 во вечерашниот меч од 12-тото коло на турската Суперлига, а двата гола за победничкиот тим ги даде Нигериецот Пол Онуачу, од кои вториот ќе се раскажува уште долго.

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, не влезе во игра, цел меч остана на клупа, и од страна ја виде мајсторијата на Онуачу во 85-та минута и голот кој можеби ќе се најде на листата на кандидати за признанието „Пушкаш“ за најубав погодок во годината.

После оваа победа, Трабзон е привремено трети на табелата.

Ова е голот на Онуачу:

https://twitter.com/i/status/1723053521027674145

- Оглас -

Најнови вести