Голманот се тргна и дозволи топката да влезе во гол, на тренерот ќе му откажеше срцето! (Видео)

На синоќешниот меч од бразилската Серија А помеѓу Коринтијанс и Атлетико Минеиро се случи еден потег кој во прв момент ги „смрзна“ домашните навивачи и тренерот Мано Менезес, но потоа им олесна и сфатија дека всушност голманот Касио постапи правилно кога намерно дозволи топката да влезе во неговата мрежа.

При резултат 0-0 (мечот заврши 1-1), за Атлетико беше досуден индиректен удар, а искусниот Касио Рамос знае дека за гол да важи, мора барем двајца играчи да ја  допират на топката. Во случајов, само еден играч на Атлетико ја шутна топката и Касио се тргна за топката да влезе во гол. Голот не важеше и топката му припадна на Коринтијанс.

Погледнете ја ситуацијата која збуни многумина, дури и тренерот кој покажа дека ќе му застанело срцето кога видел што прави неговиот голман:

- Оглас -

Најнови вести