Волците гризат до крај, Тотенхем загуби меч на кој водеше до 90-та минута (Видео)

Со голови на Сарабија и Лемина во судиското продолжение, Вулверхемптон извојува чудесна победа од 2-1 против Тотенхем кој испушти шанса барем привремено пак да биде прв на табелата во Премиер лигата.

Велшанецот Бренан Џонсон првпат беше стартер кај некомплетниот Тотенхем и само три минути му требаа да ја затресе противничката мрежа. За него тоа беше прв премиерлигашки гол во дресот на Тотенхем, а претходниот го даде пред две сезони истотака против Вулфс, тогаш како играч на Нотингем форест.

Менаџерот Ангелос Постекоглу од февруари 2021 наваму немаше загубено двапати по ред, но на таа низа и дојде крај. Инаку, Тотенхем заедно со Баерн Минхен се единствените тимови во Топ 5 лигите во Европа кои сезонава постигнале 15 или повеќе голови на гостински терен.

Овој меч со интерес се следеше и во Јужна Кореја бидејќи еден против друг заиграа Сон и Хванг.

Пабло Сарабија беше човекот кој со убав гол го најави пресвртот, а Лемина ги шокираше Петлите.

- Оглас -

Најнови вести