Столе бранеше супер, но не можеше да спречи пораз од моќната Жирона

После зачуваната мрежа против Реал Мадрид, Рајо Валјекано и Столе Димитриевски беа немоќни во дуелот со Жирона која сега има пет бода предност во однос на Реал, и еден меч повеќе од Кралскиот клуб.

Жирона победи на „Валјекас“ со 2-1, по петти пат сезонава добија меч на кој губеа со 0-1, и потврдија дека не случајно имаа дури 11 победи и се први на табелата после 13 кола во Ла Лига.

Димитриевски имаше две одлични одбрани со кои го спасуваше својот гол, но не е семоќен, и двапати ја вадеше топката од својата мрежа. При 1-1, Рајо ја погоди стативата, но Жирона е најефикасен тим во лигата и немаше проблем по вторпат да го матира Димитриевски.

Ова е најатрактивната одбрана на Димитриевски денеска:

- Оглас -

Најнови вести