Женската кошаркарска репрезентација на Македонија е пред најголемиот предизвик во квалификациите за Европското првенство, со оглед на тоа дека денес во Скопје гостува селекцијата на Србија, четвртфиналистот од последното Европско и Светско првенство.
За квалитетот на противникот воопшто не треба да се говори, бидејќи се работи веројатно за најквалитетната женска кошаркарска репрезентација која некогаш гостувала кај нас.
– “Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква екипа имаат Србија и каде рангираат во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив. Но, тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари.“ – вели една од најискусните кошаркарки во репрезентацијата на Македонија, Нена Трајчевска.
За каков фаворит се работи доволно говорат и квотите во Sport Life. Квотата за победа на Македонија е неверојатни 37, додека за нерешено 33.50. Основната граница на хендикепот е 30.5 поени, што значи дека очекувањата се дека Србија ќе победи со околу 30 поени разлика.
Денес ширум Европа ќе се одиграат вкупно 16 натпревари од квалификациите за Европското првенство. Комплетната понуда може да ја најдете во Sport Life.