Разрешница на инцидентите во Задар? Хрватската полицијата приведе две лица

Доцна синоќа во два одвоени инциденти во Задар беа нападнати членови на раководството на Црвена ѕвезда и новинари од Србија, во пресрет на дуелот од кошаркарската АБА лига помеѓу домашниот Задар и “црвено-белите“ од Белград. Веднаш реагираа од таборот на Црвена ѕвезда со барање мечот во салата “Крешимир Ќосиќ“ да се игра без публика, бидејќи стравуваат за својата безбедност, но од раководството на АБА лигата најавија дека мечот ќе се игра според предвиденото и со присуство на гледачи.

Хрватските медиуми информираат дека полицијата во Задар веќе уапсила две лица кои се поврзуваат со инцидентите и во моментов трае нивното испрашување и воопшто истрагата за инцидентите кои се случија доцна синоќа.

Според раководството на Црвена ѕвезда, иницијатор на инцидентите е таксистот кој ги превезувал од аеродромот до хотелот.

- Оглас -

Најнови вести