Од Љуботен се многу разочарани: До кога ФФМ ќе го третира женскиот фудбал како „задња рупа на свиралото“!?

Саса Каменица и Љуботен вчера одиграа меч без голови во дербито од Прва женска фудбалска лига на Македонија. По ова реми, Саса остана лидер со само еден бод повеќе од Љуботен кој е актуелен шампион.

Првиот човек на Љуботен, Драгољуб Јовановски преку социјалните мрежи упати реакции поради фактот дека нема судиска анализа на дербито од женска лига, иако тоа било дуел на двете екипи кои се борат за титулата. Јовановски се прашува како може да има судиски анализи на дуелите од Втора лига мажи, каде има екипи во кои помалку се вложува отколку во Љуботен и зошто Фудбалската федерација на Македонија и Судиската организавија го третираат женскиот фудбал во Македонија како „задња рупа на свиралото“.

Комплетната реакција од Јовановски испратена на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, може да го прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести