Ливерпул без многу проблеми со 3:0 го победи Брентфорд на „Енфилд роуд“, во меч од 12. коло на Премиер лигата. Со оваа победа, Ливерпул се израмни по бројот на бодови со Арсенал и Манчестер сити, но Граѓаните имаат голем предизвик во дербито на гости кај Челзи.
Мохамед Салах е јунакот на Ливерпул. Откако прво беа поништени два гола на Дарвин Нињес поради офсајд, Салах два пати погоди од дозволени позиции. Египетскиот репрезентативец најпрво беше прецизен во 39 минута, а потоа зголеми на 2:0 во 62 минута. Овие два гола беа точно за Салах да прослави еден голем јубилеј, а тоа е 200 погодоци во англискиот фудбал. Голгетерот има 198 погодоци како играч на Ливепул и два во дресот на Челзи.
Астон вила на продолжи одличната сезона и со 3:1 го победи Фулам па тимот од Бирмингем е сигурен на петото место со 25 бодови. На домашен терен се радуваше и Вест хем и тоа со 3:2 против Нотингем Форест, а единствено немаше победник на средбата меѓу Брајтон и Шефилд јунајтед кој заврши 1:1.