Челзи немаше дадено гол против Манчестер сити уште од 28-ти мај 2021 година кога се сретнаа во финалето на ЛШ и Сините станаа европски прваци со победа од 1-0, а попладнево Челзи даде два гола против Граѓаните и тоа за едно полувреме, но нема предност, туку резултатот е 2-2.
Челзи е тим кој во 2023 година најчесто губел со 0-1, и денеска беа во негатива кога погоди Халанд од пенал, но Тијаго Силва (стана еден од четворицата најстари стрелци во историјата на Премиер лигата) и Стерлинг дадоа голови за пресврт. Сепак, Аканџи израмни во финишот на првиот дел и играчите на пауза заминаа со нерешен резултат во ова интересно премиерлигашко дерби.
https://twitter.com/i/status/1723752695759253706