Женската кошаркарска репрезентација на Македонија во Скопје беше поразена од Србија со 60-103, во меч од квалификациите за ЕП 2025.
Србинките ја добија првата четвртина со 30-12 и најавија дека нема да имаат проблем да ја оправдаат фаворитската улога.
Анџелика Митрашиновиќ со 23 поени беше најефикасна во македонската селекција, Мерит Хемпе уфрли 13, а Илина Селцова 12 поени. Македонија по две кола има два порази.