Риека и Динамо Загреб одиграа 2-2 во возбудливото дерби на хрватската лига, а овој резултат најмногу му одговара на лидерот Хајдук.
Модрите од Загреб водеа двапати, а домашните изедначуваа, вториот пат во 89-та минута.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми го одиграа целиот меч и добија жолти картони, а Ристовски беше блиску и до исклучување откако во финишот на првото полувреме за врат го фати противничкиот играч Ивановиќ, но мина само со жолт картон.
Според хрватските медиуми, Ристовски додека заминувал кон соблекувална на полувреме, почнал да плаче, а соиграчите го тешеле. Овој меч беше емотивен за него, бидејќи е екс играч на Риека, а домашните фанови го навредуваа и исвиркуваа.
Динамо има 9 бода помалку од Хајдук, но и два меча помалку, па може да дојде и на минус три во однос на ривалот од Сплит.