Млад играч со прв гол за Партизан и тоа во каков момент, во 96-та минута за победа (Видео)

Младиот дефанзивец на белградски Партизан, Михајло Илиќ, е името кое го слават вечерва сите фанови на Црно-белите, бидејќи со негов гол во 96-та минута, лидерот на табелата во српската Суперлига освои нови три бода и победи со 2-1 во дербито со Чукарички.

Илиќ има 20 години и неодамна доби повик за настап во репрезентацијата на Србија, а ова вечерва против Чукарички му беше прв гол во дресот на Партизан.

Партизан има 11 победи по ред, има шест бода пред вечниот ривал Црвена ѕвезда и најавува жестока трка за титулата.

- Оглас -

Најнови вести