Одличен познавач на НБА-лигата и очигледно добар прогнозер од Куманово синоќа докажа дека бројот 13 не е несреќен како што веруваат многумина.
Тикетот уплатен синоќа во Sport Life во месноста викана Гаражи во Куманово има 13 фикса на плус-минус за НБА-играчи, а некои од мечевите се играа по полноќ, па денешниот 13-ти ноември му се покажа како среќен. Погодена е квота од над 3.100.
За сите 13-мина играчи, овој обложувач успеа да погоди дали ќе постигнат повеќе или помалку поени од зададената граница и може да се пофали дека е вистински мајстор и познавач на индивидуалците кои настапуваат во најсилната кошаркарска лига на светот.
Уплатата е од само 20 денари, а бруто-добивката е 68.727 денари, со тоа што тука е и бонусот од 10 проценти, кој изнесува околу 100 евра.