Игор Тудор ќе го води Наполи, адвокатите веќе работат на договорот

Хрватот Игор Тудор ќе биде нов тренер на Наполи, најавуваат добро информирани новинари од Италија и додаваат дека веќе се работи на детали од договорот.

Тудор попладнево во Рим имал состанок со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, но таму не бил агентот на Тудор, што значи дека преговорите се во почетна фаза.

Некогашниот фудбалер на Хајдук и Јувентус, во минатата сезона го водеше Марсеј, а со Наполи треба да потпише договор со важност од 18 месеци, поточно до крајот на сезоната 2024/2025.

Како тренер, Тудор преферира формација 4-2-3-1, понекогаш 3-5-2, и тоа треба да се добри вести за Елиф Елмас, кој ретко беше стартер кај Руди Гарсија, а македонскиот репрезентативец може да игра каде било во средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести