Мостарското дерби помеѓу Вележ и Зрињски понуди буквално од сè по малку. Натпреварот кој го добија домашните со 3-0, дури трипати беше прекинуван. Првиот прекин го предизвикаа навивачите на Зрињски кои се судрија со полицијата, а следните два беа „дело“ на домашните навивачи.
Тие најпрво истакнаа транспарент со спорна содржина на којшто имаше кукаст крст, усташки симбол, Давидова ѕвезда и полов орган, па мораше дури и фудбалерите на Вележ да интервенираат и да ги молат навивачите транспарентот да биде отстранет.
Третиот прекин беше кога навивачите на Вележ имаа пиротехничко шоу, а дел од факлите или ракетите завршија на теренот и лесно можеше да се случи да биде погоден и некој од фудбалерите.
Vatromet #redarmy #mostar na utakmici #FKVelez #HSKZrinjski pic.twitter.com/nMintAdI7t
— Bljesak.info (@Bljesak) November 13, 2023
Neredi na utakmici #Velez #hskzrinjski #zrinjski #FKVelez pic.twitter.com/pPhwsJHLQq
— Bljesak.info (@Bljesak) November 13, 2023
Shameful banner of the Red Army, fans of FK Velež at the match against HŠK Zrinjski. pic.twitter.com/ZNEWilTu1R
— Hrvati Bosne i Hercegovine (@hrvatiBH) November 13, 2023