Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ денес го започнуваат настапот на вториот балон од јадранската АБА-2 лига. Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, со биланс од една победа и еден пораз денес го очекува дуелот против словенечкиот претставник Домжале.
Аеродромци се големи фаворити за победа на овој дуел и имаат квота од 1.31 во понудата на Sport Life против екипата која забележа два пораза на стартот од новата јадранска второлигашка сезона.
Лош старт имаше и екипата на ТФТ од Скопје, која забележа два пораза на стартот од сезоната, па можност за поправен ќе има против хрватскиот претставник Цедевита јуниор. Хрватите се фаворити со квота од 1.43, но квотата за изненадување на ТФТ е одлична, дури 2.95.