Бадијала МЗТ Скопје водеше 37 минути кога за две минути прими десет поени по ред и остана без победа против Хелиос

Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени во третото коло од АБА2-лигата од Хелиос со 83:87 во меч во којшто водеа до самиот финиш. Ова е втор пораз за Металците во АБА2-лигата, а единствената победа досега ја остварија во претходното коло против Пелистер.

Македонскиот шампион освен воведниот поен, кој го постигна Хелиос, беше во водство сè до 37-мата минута, кога Земљиќ погоди за 75:77. Потоа за две минути, Миртиќ и Махковиќ постигнаа уште осум поени во низа за 75:85 со коишто ја заверија победата.

Војдан Стојановски со 19 постигнати поени беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, а добра партија прикажаа уште Танасковиќ со 18 и Ворку со 15 поени, но изостана помошта од останатите кошаркари. Кај Хелиос, Махковиќ даде 25, а Миртиќ 20 поени.
Во следното четврто коло кое ќе се игра в четврток, МЗТ Скопје ќе се сретне со Сутјеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести