Во НБА-лигата рано утрово се одиграа 10 натпревари, а главниот момент не беше кошаркарски, туку ултимејт фајт потег во изведба на Дрејмонд Грин, кој со 18 исклучувања во кариерата е најнедисциплинираниот активен играч во лигата.
Само по 1,43 минути игра на мечот Голден стејт – Минесота, при резултат 0-0, на средината на теренот дојде до дуел на Клеј Томпсон и Џејден Мек Дениелс, по што настана мешаница и се вмешаа повеќе кошаркари, а Грин за да спречи можен физички напад врз свој соиграч, почна да го дави Руди Гобер.
Томпсон и Грин беа исклучени, што беше голем хендикеп за Вориорс, кои на овој меч не може да сметаат на Стеф Кари, па без трите главни ѕвезди, го загубија натпреварот со 101-104 откако паднаа во последната четвртина, која гостите ја добија со десет поени разлика.
Инаку, меч за паметење имаше ЛА лејкерс, кој го изедначи тимскиот рекорд од 22 погодени тројки и го совлада Мемфис со убедливи 134-107. Никола Јокиќ за малку не направи трипл-дабл, но Денвер победи против ЛА клиперс со 111-108. За Клиперс тоа е шести пораз по ред, а откако го зедоа Џејмс Харден, немаат ниту една победа на пет средби.
Ова се клучните моменти од инцидентот во Сан Франциско:
hes been waiting to do this forever pic.twitter.com/b5ZmWzgyWw
— Rob Perez (@WorldWideWob) November 15, 2023