Фердинанд е воодушевен од ефектот на Кејн: „Не ми е јасно зошто не го ангажиравме?“

Репрезентативецот на Англија и член на Баерн Минхен, Хари Кејн, игра во фантастична форма откако направи трансфер од Тотенхем во Бундеслигата. Тој на 16 натпревари за Баварците во сите натпреварувања има 21 гол и седум асистенции. Легендарниот англиски дефанзивец и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинад, е воодушевен од ефектот на неговиот сонародник, но и смета дека „црвените ѓаволи“ направиле голема грешка бидејќи не го ангажираа, со оглед на тоа дека долго се шпекулираше дека токму „Олд Трафорд“ ќе биде следна дестинација на Кејн.

„Тој веќе постигна три хет-трика! Секогаш кога ќе го прочитам името Хари Кејн дека е прогласен за играч на натпреварот со хет-трик, мене ми се повраќа. Постојано се прашувам, зошто не го ангажиравме?“, со насмевка вели Фердинанд.

Доколку во текот на сезоната Хари Кејн учествува во вкупно 40 голови за Баерн Минхен, без разлика дали ќе ги постигне тој или само ќе асистира, тогаш Баварците“ ќе му мора да му исплатат бонус од 250.000 евра на Тотенхем. Со оглед на ефектот кој го има во моментов, нема сомнеж дека таа бројка ќе биде надмината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести