Кошаркарите на Баерн Минхен го победија Партизан со 94-85 и се израмнија со него по ефектот во Евролигата со три победи и пет порази.
Партизан, кој имаше голема поддршка во Минхен, одлично го започна натпреварот и дојде до +7 уште по првата четвртина, односно предност од 25-32. Сепак, сè што стекнаа во првата, го загубија во втората четвртина. Баерн Минхен не само што се врати резултатски во натпреварот, туку замина на паузата и со водство од 53-51.
„Баварците“ во ист стил продолжија и во третата четвртина, која ја добија со пет поени разлика. Партизан постојано бркаше резултат во последниот период, на моменти успеваше да дојде на еден напад негатива, но никако не успеваше да го направи клучниот чекор за победа. Во пенал-завршницата домашните беа поуспешни и заслужено победија со 94-85.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1724872779453870434
https://twitter.com/PartizanBC/status/1724879170067476796