Домаќините се фаворити на сите мечеви, евролигашката понуда на Sport Life е со 40-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени (Фото)

Вечерва во кошаркарската Евролига се играат четири меча, а според квотите во Sport Life, фаворити за победа на сите дуели се домашните екипи.

Најголем фаворит за триумф е европскиот шампион Реал Мадрид, кој пред своите гледачи игра против Монако. Кралевите се единствен непоразен тим по седум кола и квотата за да ја продолжат победничката серија изнесува 1.37.

Макаби Тел Авив во Белград игра против десеткуваниот Фенербахче и квотата за триумф на израелскиот тим изнесува 1.71, додека 1.67 е коефициентот за победа на Армани Милано над Анадолу Ефес.

Голема неизвесност се очекува на натпреварот кој ќе се игра во Пиреја меѓу братските клубови Олимпијакос и Црвена ѕвезда. Грчкиот тим има проблеми со повредите, додека Црвена ѕвезда по лошиот старт на сезоната, завчера го декласира Фенербахче и најави подобри денови.

Понудата на Sport Life е богата и за игрите „плус-минус“. Има 40-мина кошаркари за коишто може да погодувате колку поени ќе постигнат, потоа 20-мина кошаркари за погодување на бројот на скокови, а 19-мина играчи се во понудата за играта „плус-минус“ асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести