Шпанците имаа 22 додавања пред Јамал да даде гол, во Софија хаос околу стадионот, има повредени (Видео)

Шпанија води со 3-0 по првото полувреме на гостувањето кај Кипар, а првиот гол потсети на тики-така играта на Црвената фурија бидејќи на голот на младиот Ламин Јамал му претходеа 22 додавања.

За Јамал тоа е втор гол за репрезентацијата во третиот настап, а за Барселона има еден гол на 18 меча. Головите на Јамал, Ојарзабал и Хоселу може да ги погледнете ТУКА. Инаку, во составот на Шпанија е и Хесус Навас, кој е дури 21 година постар од Јамал и тоа е рекордна разлика во историјата на Шпанија за двајца соиграчи.

Интересно е и во Софија, каде што околу стадионот „Васил Левски“ има големи нереди со повредени и уапсени. Полицијата со водени топови пробува да воспостави ред. Инаку, се протестира против раководството на Бугарскиот фудбалски сојуз.

Што се однесува до случувањата на теренот таму, Бугарија има 1-1 против Унгарија, а Бугарите добија и два црвени картони, од кои едниот беше поништен, па вториот дел нашите соседи ќе го играат со еден човек помалку.

- Оглас -

Најнови вести