Италијанскиот тенисер Јаник Синер забележа победа од 2-1 над Холгер Руне и како првопласиран во својата група оди во полуфиналето во завршниот АТП Мастерс во Торино. Синер со победата му направи услуга и на Новак Ѓоковиќ, кој сега е втор и ќе продолжи помеѓу најдобрите четири, иако вечерва ништо не зависеше од Србинот и мораше да чека помош од Синер.
Италијанецот одлично го започна мечот и го доби првиот сет со убедливи 6-2. Во вториот сет беше многу понеизвесно и никој не успеа да направи брејк сè до последниот гејм, кога Руне успеа да дојде до 7-5 и да израмни на 1-1.
Во третиот и последен сет, клучниот момент се случи во деветтиот гејм, кога Синер направи брејк и поведе со 5-4, а во следниот само го одбрани својот сервис за голема победа над данскиот тенисер.
Утре се очекува разрешницата во другата група, во која единствено сигурно е дека Медведев ќе биде еден од полуфиналистите.