Бугарските навивачи ја запалија Софија (Фото)

Бугарија и Унгарија ремизираа 2:2 во меч од квалификациите за пласман на ЕП 2024, но резултатот остана во втор план поради дивеењето на домашните навивачи.

Челниците на Бугарската фудбалска федерација решија овој меч да се игра без присуство на публика, иако немаа никаква казна од УЕФА или ФИФА, што наиде на гнев кај фановите.

Токму затоа, додека траеше натпреварот, пред националниот стадион „Васил Левски“ се собраа неколку илјади навивачи да протестираат затоа што немаат можност да бидат на трибините.

Протестот се претвори во дивеење во кое беа палени автомобили и контејнери, уништени полициски возила…

Полицијата реагираше, се случи хаос во којшто имаше и повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести