Дури деветмина се на листата на повредени кај Реал Мадрид и тоа може да биде многу лошо за Кралскиот клуб во следниот критичен период во кој играат многу мечеви на кои ќе бидат некомплетни.
Во аут се голманите Тибо Куртоа и Кепа Аризабалага, дефанзивецот Милитао, крилото Винисиус, а од средниот ред повредени се дури петмина: Белингам, Ѓулер, Камавинга, Чуамени и Себаљос.
Куртоа го скина лигаментите пред почетокот на сезонава и тој ќе се врати на голот дури во следната сезона. Кепа кој дојде да биде прв голман по повредата на Куртоа, би можел наскоро да се врати и да се бори со Андриј Лунин кој се покажа како одличен на последните два меча, за место во почетниот состав.
Милитао истотака има скинати лигаменти, но можно е да заигра некаде во април.
„Вирусот ФИФА“ деновиве го закачи Реал, Едуардо Камавинга ќе паузира осум до десет недели, а и Винисиус околу еден месец ќе биде во аут, иако за него уште не се знае точно тежината на повредата, допрва треба да биде сниман.
Првиот стрелец Белингам има повреда на рамото и можеби и тој ќе заигра веднаш после репрезентативната пауза, а Себаљос почна да тренира и ќе биде во комбинација, но тој не е стартер.
И Чуамени нема да игра до крајот на 2023 година, додека со малерозниот Ѓулер ситуацијата е неизвесна, тој уште нема заиграно за Реал бидејќи повредите се еедат една по друга.