Македонските навивачи во одлично расположение ги одбројуваат минутите пред почетокот на мечот против Италија на „Олимпико“ во Рим во рамки на квалификациите за ЕП 2024.
Тие со песна и во одлично расположение одат кон „Олимпико“ каде ќе им дадат поддршка на фудбалерите.
Фалангата очекува фудбалерите да ги израдуваат како што го направија тоа на последниот меѓусебен дуел кој се играше на италијанско тло, во Палермо, кога со голот на Александар Трајковски, Македонија ги совлада Аѕурите со 1:0 и обезбеди пласман во финалето на баражот за пласман на СП во Катар.