По пауза од 42 година, Формула 1 се врати во Лас Вегас, но старо-новиот шампион Макс Ферстапен не е импресиониран.
Шоуто и гламурот кои ги нуди Лас Вегас не го привлекуваат Ферстапен кој пред неколку дена изјави дека трката во Лас Вегас 99 отсто е шоу, а еден отсто тркање, а денеска даде подобро појаснување.
„Трката во Монте Карло е Лига на шампиони, а оваа во Лас Вегас е како Лигата на нации. Сосема ми е јасно дека шоуто е потребно, но кај мене нема никакви емоции. Го сакам Лас Вегас, но не за да се тркам, туку да уживам и да ставам се на црвено на рулет“, изјави Ферстапен.
Стартот на трката е закажан за седум часот наутро, а од пол-позицијата ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер.