Мбапе го одби милионскиот бонус кој му следува од ПСЖ

Килијан Мбапе го одбил огромниот бонус кој му го нуди францускиот шампион, објави Радио Монте Карло.

Според радиото, Мбапе одлучил да се откаже од бонусот за лојалност од 80 милиони евра кој му следува според договорот со ПСЖ. Наводно, Мбапе со ова сака да покаже дека парите не му се најважни, туку на првото место му е фудбалот.
Мбапе сезонава досега одигра 11 меча за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна 13 гола.
Мбапе изминатите две години се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но ПСЖ успеваше да го убеди напаѓачот да остане на „Паркот на принцовите“.

Дали овој потег на Мбапе значи започнување на нова епизода од сапуницата „преселба во Реал Мадрид“, ќе покаже времето.

- Оглас -

Најнови вести