Германија не блеска ниту под палката на Нагелсман, Турција ќе биде незгоден ривал на ЕП (Видео)

Селекцијата на Турција во фантастичен пријателски меч ја совлада Германија со 3:2 на „Олимпискиот стадион“ во Берлин и ја продолжи ренесансата под водство на селекторот Винченцо Монтела.

Турција уште претходниот месец обезбеди пласман на ЕП 2024, а сега во дуелот со домаќинот покажа дека ќе биде незгоден ривал на континенталниот собир.

Од друга страна, Германија која е домаќин на Европското првенство кое ќе се игра идната година, и по селекторската смена и доаѓањето на Јулијан Нагелсман на клупата, не прикажува игри какви што очекуваат навивачите.

Германија поведе уште во петтата минута со голот на Каи Хаверц, но Турците во финишот на првиот дел успеаја да направат пресврт.

Прво, Кадиоглу во 38-та минута го израмни резултатот, а во последните моменти од првиот дел, Јилдиз погоди за 1:2.

Во вториот дел имаше сличен развој на настаните, Германците прво постигнаа гол, но Турција успеа да возврати.
Никлас Фулкруг во 49-та минута го израмни резултатот, но Сари во 71-та минута од пенал и донесе триумф на Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести