6704 Србија – Бугарија (15.00 часот)
На Србите им треба победа или реми за пласман на Европско првенство, мотивите им се големи, а со оглед на тоа дека Бугарите цел циклус го одиграа лошо, нашите северни не би требало да имаат голем проблем со нашите источни соседи. Бугарија даде само пет гола во седумте досегашни кола, тешко дека ќе постигнат гол на ова гостување на новиот убав стадион во Лесковац, иако еден од головите им беше токму против Србија во јуни, а два дадоа во претходното коло против Унгарија.
Предлог тип: 1 Сигурна и Двојна победа (2.80)
6767 Лихтенштајн – Луксембург (20.45 часот)
Луксембург е едно од најпријатните изненадувања во овие квалификации, досега собра 14 бодови, а веројатно ќе дојдат и до бројка од 17, бидејќи се поквалитетни од Лихтенштајн кој има девет порази во девет кола и само еден постигнат гол во циклусов. Во јуни кога овие тимови се сретнаа во Луксембург, фаворитот победи со 2-0, со голови во второ полувреме. Лихтенштајн последниот пат кога не загуби меч беше пред две години и два месеци.
Предлог тип: 2 & 0-3 (1.90)
6748 Португалија – Исланд (20.45 часот)
Португалија е убедливо најефикасен тим во квалификациите со 34 постигнати голови на девет меча, Кристијано Роналдо и колегите се ненаситни за постигнување голови, па на Исланд црно му се пишува вечерва во Лисабон. Португалија е пласирана на ЕП, Исланд нема шанса, па двата тима без голем притисок ќе влезат во дуел, а тоа често знае да донесе многу голови. Исланд нема лоша одбрана, во девет меча има примено 14 гола, од кои четири пред три дена против Словачка.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)
6768 Шкотска – Норвешка (20.45 часот)
Шкотска има обезбедено пласман на ЕП, а кај Норвешка ќе го нема Ерлинг Халанд кој се повреди на пријателската со Фарски острови, па затоа домашните се фаворити и би требало да триумфираат. Шкотите не се во врвна форма како на почетокот на квалификациите, имаат серија од четири меча (два официјални и два пријателски) без победа и ова им е шанса да ги израдуваат своите фанови. Во јуни, Шкотска ја победи Норвешка со 2-1 и тоа со драматичен пресврт и голови во 87-ма и 89-та минута.
Предлог тип: 1 (2.25)
6769 Шпанија – Грузија (20.45 часот)
Грузија освои четири бода во последните две кола, но нема што да бара на гостувањето кај Шпанија. Црвената фурија има обезбедено пласман на ЕП, има серија од седум победи по ред, и нема да ја пропушти приликата да ги совлада Кварацхелија и другарите. Во септември во Тбилиси, Шпанија ја разби Грузија со 7-1 и Грузијците сега ќе треба да одиграат поцврсто за да не им се случи нов дебакл, овојпат на стадионот на Валјадолид. Грузија има една победа на гости против Шпанија во 2016 година во пријателски меч, но вечерва не им бега пораз.
Предлог тип: 1 & 3-5 (1.69)