Експедицијата на англиската фудбалска репрезентација, треба да слета во Скопје околу 18.20 часот, и најавиле дека вечерва нема да тренираат на стадионот „Тодор Проески“ кој има нова тревната подлога.
Инаку, Англичаните ќе бидат сместени во хотелот „Мериот“ во строгиот центар на Скопје, и движењето околу хотелот ќе биде под строг режим.
Наместо на стадион и тренинг со топка, тие ќе заминат на „истегнување“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ после долгиот лет од Бирмингем до Скопје.