Ќе падне големо фалење на училиште, дечињата – маскоти имаа незаборавен ден во пресрет на дуелот меѓу ПСЖ и Бордо. Пред самиот почеток на средбата децата ги чекаа фудбалерите на двете екипи за излез на теренот, но претходно го забележаа Нејмар кој на патерици се упати кон своето место, но ѕвездата на „светците“ одвои време да се поздрави со сите.
Потскокнувајќи на една нога, Нејмар успеа да удри „пепси“ со сите и да им го разубави денот на младите фанови. Бразилецот инаку закрепнува од повреда поради која нема да биде во можност да игра дури до следниот месец.
https://twitter.com/JimmyLCP/status/1094273031927681025?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1094273031927681025&ref_url=https%3A%2F%2Fbleacherreport.com%2Fworld-football