Швајцарија се пласира на ЕП, па ќе го менува селекторот?! Со критики се јави и капитенот

Репрезентацијата на Швајцарија успеа да се пласира на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Сепак, и покрај успешните квалификации, швајцарската јавност не е задоволна од игрите на нивната репрезентацијата, а гласот го крена и капитенот, Гранит Џака.

– “Тренерот гледа колку сум доминантен во клубот на мојата позиција. Сепак, тој е тој кој одлучува на која позиција ќе играм, тоа не е моја работа. Каде и да играме, ние мора да се прикажеме во најдобро светло. На крајот, тоа е она што се брои.“ – вели Џака.

Веќе се погласни се шпекулациите дека Мурат Јакин ќе добие отказ од селекторската позиција во Швајцарија, а веројатно еднинствено со победа на гостувањето кај Романија во вторник ќе може да се надева дека и понатаму ќе остане селектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести