Барселона денеска ја доби најлошата можна вест, лекарските прегледи покажаа дека сезоната за Гави веќе е завршена и веднаш ја започна потрагата по негов наследник. Според каталоските медиуми, изборот паднал на фудбалерот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо.
Ло Селсо и во летниот преоден рок беше на листата на желби на тренерот Чави Ернанес, но Тотенхем бараше преногу пари, по што не се реализира трансферот.
https://twitter.com/TransferSector/status/1726616504685515128
Но, сега ситуацијата е поинаква, Ло Селсо не е во прв план кај менаџерот на Петлите, Анге Постекоглу, сезонава одигра само 83 минути и веќе побарал од управата да му дозволи да си замине.
Незадоволството кај аргентинскиот репрезентативец, кој минатата година беше дел од Гаучосите кога триумфираа на СП во Катар, би требало да ги забрза работите и Ло Селсо во јануари да пристигне на „Камп ноу“ на шестмесечна позајмица.
Медиуите пишуваат дека Тотенхем не би му правел проблеми на Ло Селсо да замине на позајмица.