Италијанскиот новинар Фабрицио Романо,попладнево сподели сензационална информација дека во февруари следната година во Ријад ќе се случи спектакл. Пријателски натпревар ќе одиграат екипите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Ал-Наср и Интер Мајами. Дуелот на веројатно двајцата најдобри фудбалери во историјата ќе биде нивен 37-ми меѓусебен, но веројатно и последен пред да заминат во фудбалска пензија.
Кристијано Роналдо има 38 години, додека Лионел Меси е две години помлад и двајцата се пред крајот на својот фудбалски пат. Досега одиграле 36 меѓусебни натпревари, на кои Аргентинецот излегол како победник на 16, додека 11-пати се радувал Португалецот.