Фудбалската репрезентација на Германија продолжува да „тоне“ резултатски откако 2014 година стана светски шампион, а фановите стравуваат дека идната година на Европското првенство ќе се случи нов дебакл.
По СП во Бразил каде ја освоија титулата, Германците во следните две Светски првенства испаднаа уште во групната фаза, додека на Европските првенства испаѓаа во осминафиналето.
Годинешните резултати на Германија не ветуваат дека „панцирите“ ќе имаат резултатски успешно ЕП идната година на кое се организатори.
Годинава, Германија одигра 11 мечеви кои беа пријателски и оствари само три победи, имаше две ремија и дури шест порази, што е најлош скор во историјата.
Слабите резултати донесоа смена на селекторската функција, Ханси Флик доби отказ и беше заменет со Јулијан Нагелсман. Под негово водство Германија одигра пет меча, ги победи САД и Франција, ремизираше со Мексико, а изминатите денови доживеа два порази од Турција и Австрија.
Селекторот на Австрија, Рафл Рангник, по победата од 2:0, му укажа на Нагелсман каде му е најголемиот проблем.
„Тешко е да се победува ако се примаат два, три гола по натпревар. Тоа е одговорност на селекторот и Јулијан го чека многу работа во претстојниот период“, изјави Рангник.
Резултати на Германија во 2023 година:
Германија – Перу 2:0
Германија – Белгија 2:3
Германија – Украина 3:3
Полска – Германија 1:0
Германија – Колумбија 0:2
Германија – Јапонија 1:4
Германија – Франција 2:1
САД – Германија 1:3
Мексико – Германија 2:2
Германија – Турција 2:3
Австрија – Германија 2:0