Луд финиш на култниот стадион, гол во 90+11 минута во делириум фрли скоро 90.000 навивачи (Видео)

Репрезентацијата на Мексико се пласира во полуфиналето од Лигата на нации на КОНКАКАФ, отако дури по подобро изведување на пеналите го победи Хондурас. По првиот меч, Хондурас имаше предност од 2:0, а на реваншот на легендарниот стадион „Астека“ во Мексико Сити, домашниот тим водеше само со 1:0 додека не почна судиското надополнување.

Се играше 90+11 минута, односно буквално последните секунди, затоа што судијата даде 10 минути продолжување кога капитенот Алварес постигна гол за 2:0 и делириум на трибините.

https://twitter.com/i/status/1727186225986203909

Со овој погодок Мексико ја анулираше негативата од првиот дуел, па се играа дополнителни 30 минути во кои немаше погодоци. Победникот мораше да се решава на пенали, во кои Мексико беше подобар со 4:2. Во полуфиналето Мексико ќе игра против Панама, која беше подобра од Костарика.

- Оглас -

Најнови вести