Еден од најдобрите аргентински фудбалери, Анхел ди Марија, синоќа на дербито Бразил – Аргентина, кое беше проблематично и на терен и на трибини, плукнал еден домашен навивач и може да заработи суспензија.
При заминувањето на Аргентинците кон соблекувалната, домашната публика ги навредуваше, ги плукаше и ги прскаше со вода, а испрскан беше и искусниот Ди Марија. Играчот на Бенфика не издржа и врати со плуканка кон човекот кој го испрска.
Погледнете го плукањето на Ди Марија кој и потскокна за да дофрли до делот каде што беше неговата мета:
https://twitter.com/i/status/1727358469433635072