Двајца селектори добија отказ по завршувањето на квалификациите за ЕП 2024

Фудбалската федерација на Република Ирска (ФАИ) му врачи отказ на селекторот Стивен Кени по неуспехот во квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Ирците имаа катастрофален настап во квалификациите во група со Франција, Холандија, Грција и Гибралтар, остварија само две победи над аутсајдерот и доживеаја дури шест порази.

„Управниот одбор и сите во ФАИ сакаат да им се заблагодарат на Стивен и на неговите соработници за работата, професионализмот и посветеноста на работата. На Стивен му посакуваме многу успеси во иднина“, соопшти ФАИ.

Освен Кени, отказ по завршување на квалификациите за ЕП доби и Џани де Бјази, кој седеше на клупата на Азербејџан.

Азербејџан исто така го освои четвртото место во квалификациите во групата Ф зад Белгија, Австрија и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести