Дали проклетството на мачката е причина за очајните игри на Бразил? (Видео)

Фудбалската репрезентација на Бразил поминува низ најголемата криза во последните неколку децении која започна по испаѓањето од Хрватска на Светското првенство во Катар кое се одржа минатата година, а медиумите и навивачите стравуваат дека тоа е поради проклетството на мачката.

Кариоките по СП во Катар одиграа осум натпревари и победија на само три (Гвинеја, Боливија и Перу), но исто така загубија на три меча, еднаш ремизираа и доживеаја дури четири порази, од кои три се во квалификациите за СП 2026.

Посебно болен е последниот пораз, од најголемиот ривал Аргентина, и тоа на култната „Маракана“, што претставува прв пораз во квалификациите за пласман на СП на домашен терен.

Поради слабите игри, Бразилците сè повеќе се потсетуваат на 7 декември 2022 година и проклетството на црната мачка. Имено, во пресрет на дуелот со Хрватска во четвртфиналето на СП, додека Винисиус жуниор на прес-конференција зборуваше за мечот со Коцкестите, на масата пред него дојде мачка. Портпаролот на бразилската репрезентација, Винисиус Родригес, ја зеде мачката и ја фрли на подот.

Тој потег предизвика големи реакции на социјалните мрежи, а Катарците му се налутија на портпаролот бидејќи мачката во исламот се смета за свето животно и лошото однесување кон неа треба да биде санкционирано.

По бурните реакции, Бразилците ја присвоија мачката и ја нарекоа Хекса, по шестата титула која ја бркаа во Катар, но оттогаш бележат само лоши резултати.

Поради тој момент од прес-конференцијата, сè повеќе Бразилци сметаат дека репрезентацијата ја стигнало проклетството на црната мачка.

- Оглас -

Најнови вести