Кулушевски требаше да ги научи Англичаните како му се изговараат името и презимето, ама… (Видео)

Некои фудбалери од Премиер лигата за кои Англичаните мислат дека имаат имиња и презимиња тешки за изговарање застанаа пред камера и кажаа како се викаат во оригинал за да им помогнат на ТВ-коментаторите и навивачите од Островот.

Многумина останаа изненадени од изговорот на Бруно Фернандеш, кој си ги кажа и средните презимиња, интересно е дека кај Јошко Гвардиол долу во титлувањето Англичаните напишаа „Вардиол“, испуштајќи ја буквата Г на почетокот, а македонскиот Швеѓанец, Дејан Кулушевски, самиот си кажа дека се презива „Кулусевски“ со нагласок кој не е според нормите на македонските јазик.

Можеби намерно кажа така за полесно да им биде да го изговорат, а можеби и има проблем да ја каже буквата „ш“.

Слушнете како се изговараат имињата на некои од премиерлигашките ѕвезди:

https://twitter.com/i/status/1727353433865249116

- Оглас -

Најнови вести