Ерлинг Халанд покажа дека е голем човек кој не го заборава неговиот поранешен тим, Брине.
Норвешката ТВ2 објави дека напаѓачот на Манчестер сити ќе плати 200 карти за навивачите на Брине кои сакаат да патуваат на натпреварот од плејофот во Кристијансанд.
Влогот на овој меч е пласман во првата норвешка лига. Ова задоволство Халанд го чини 15.000 евра.
„Не можеме да кажеме ништо освен дека е фантастично и дека имаме можност да испратиме што е можно повеќе навивачи во Кристијансанд“, соопштија од поранешниот тим на Халанд.
Халанд играше за младинскиот и за првиот тим на Брине, кој за првпат по 2006 година се најде во позиција да игра плејоф за пласман во првата норвешка лига. Брине последен пат во елитната норвешка лига играл пред точно 20 години.