Човечноста пред сѐ: Комити со донација за навивач на Пелистер чија куќа изгоре во пожар

Навивачката група Чкемпари од Битола преку социјалните мреѓи побараа помош од сите добронамерни луѓе за санирање на опожарена куќа на еден нивни член.

„Потребни се донации за санирање на штетите во шо побрз период односно пред да паднат температурите под нулата.
Битолчани и Чкембари, да бидиме солидарни со фамилијата во ова тешко време за нив и заедно да му помогниме“, стои во дел од апелот на Чкембари.
Меѓу првите кои се јавија да помогнат во овој случај се навивачите на Вардар, популарните Комити, кои истакнаа соопштение преку својот профил на Фејсбук.
„Групата одлучи целиот приход од гостувањето во Кратово, да го донира на членот на н.г. ,,Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом.
Финансиските средства, банкарски ќе бидат префрлени веднаш во понеделник“, велат Комити.
- Оглас -

Најнови вести