Халанд треба да сруши еден „малер“, сигурица е дека ќе има четири или повеќе голови

Манчестер сити и Ливерпул се екипите кои доминираат во англиската Премиер лига во последните неколку години, а и сезонава се главните фаворити за освојување на титулата. Сити е лидер со 28 бода, а Ливерпул е втор со еден бод помалку.

Двата клуба негуваат офанзивен фудбал, а кога играат меѓусебе тоа е гаранција за возбудувања и погодоци. На седум од последните осум меѓусебни дуели било со комбинација гол-гол 4+, а оваа традиција да продолжи и сега има коефициент 2.55. Дури девет од последните 11 меѓусебни дуели биле со 4+ погодоци.

Очекувано е тоа дека Ерлинг Халанд е главен фаворит за постигнување на првиот погодок на мечот. Интересно е дека Ливерпул е само еден од двата тима против кои Халанд во Премиер лигата нема постигнато погодок (Брентфорд е втората екипа против која Халанд не дал гол во првенството).

Сепак Халанд се има радувано на погодок против Ливерпул, а тоа беше во Лига купот и погоди по само 10 минути. Во понудата за прв стрелец и стрелец во тек на меч, кај Ливерпул прва опција е Мохамед Салах со квота 8 за прв стрелец.

За нестрпливите, тука се и игрите прв или последен корнер, прв жолт или црвен картон, дали ќе има пенал или кој тим ќе ја има првата замена. Дури 16 е квотата за првиот погодок да биде автогол.

- Оглас -

Најнови вести