Вечерва од 18 часот се играат четири натпревари од првата кошаркарска лига на Македонија, а овие дуели ги има и во понудата за обложување на Sport Life.
Квотите најавуваат сигурни победи на МЗТ Скопје Аеродром над опасниот Чаир 2030 во дербито на првиот и вториот на табелата, и на Гостивар против Академија ФМП која има нов тренер, голем фаворит на хартија е и Еуроникел против ТФТ, а Работнички важи за фаворит во Гевгелија против Кожув.
После осум кола, Работнички има скор 5-3, а гевгеличани се на 2-6. Кај скопските Црвено-бели се враќа Декоузи кој беше суспендиран, па на Кожув воопшто нема да му биде лесно да ја извојува третата победа сезонава.