Му вперија пиштол во глава, па поранешниот бразилски репрезентативец без отпор го предаде скапиот автомобил (Видео)

Некогашниот бразилски репрезентативец Фред (40) беше жртва на крадци пред легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Фред кој е актуелен спортски директор на Флуминесе се подготвувал да си замине од стадионот, кога пред него се појавиле неколку вооружени крадци.

Крадците му впериле пиштол во главата на Фред, а некогашниот фудбалер без да дава никаков отпор, едноставно излегол од автомобилот и дозволил крадците да го одведат неговиот скап автомобил.

Фред е легенда на Флуминесе и втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 199 голови. Во Европа се прослави играјќи за Олимпик Лион. Со Бразил настапи на две Светски првенства.

https://twitter.com/i/status/1728039428243767461

- Оглас -

Најнови вести