Кулушевски се налути и почна да пцуе на македонски (Видео)

Шведскиот репрезентативец со македонски корени Дејан Кулушевски е еден од најдобрите фудбалери во тимот на Тотенхем. Лондонскиот тим денеска загуби на свој терен со 1:2 од Астон вила, а Кулушевски уште во почетните минути имаше одлична шанса да го доведе домашниот тим во водство.

Одлично продре, имаше чиста шанса, но наместо во голот, Кулушевски ја погоди стативата. Видно изнервиран и лут затоа што промаши, Кулушевски бесот го искажа со пцовка на македонски јазик. Според тоа што можеше да се „прочита од устата“ на фудбалерот, Кулушевски опцу „Да ти еб*м матер, да ти еб*м“.

Иако е роден во Шведска и игра за оваа земја, во Кулушевски сепак тлее македонскиот темперамент. На крајот, Кулушевски уште повеќе треба да жали за пропуштената шанса, затоа што неговиот тим на крајот дома загуби од Астон вила.

https://twitter.com/i/status/1728780071698038861

- Оглас -

Најнови вести